Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Орбан: Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на Путин

22 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој рече и дека јавната комуникација во различни земји се одвива поинаку, но дека „ако претседателот нешто каже во Русија, тоа не се празни зборови“, објави порталот Portfolio.hu. Тој потсети дека Украина е сосед на Унгарија и дека „не е потребна голема фантазија за да се замисли колку брзи и неочекувани можат да бидат последиците од војна во соседна земја“.

 „Опасноста е неизбежна. Овие вести говорат за непосредна воена опасност за Унгарија“, рече Орбан.

По повод инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Орбан изјави дека „секој што бил војник и чувал стража знае дека ноќта е најтемна пред зори“.

„Ќе дојде зората за два месеци, но дотогаш живееме во уште поголем мрак од порано. Следат двата најопасни месеци од војната“, додаде Орбан.

Тој посочи дека очекуваната промена на политиката на Вашингтон неминовно ќе влијае на пристапот на Западна Европа кон украинскиот конфликт. Орбан додаде дека Унгарија ќе дејствува „промислено и смирено“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ