Либанското Министерство за здравство соопшти дека досега е потврдено дека загинале три лица во нападот во јужен Бејрут. Во соопштението се вели дека 17 лица се донесени во болница.
Се очекува бројките да пораснат со оглед на тоа дека поголем број луѓе се заглавени под рушевините на зградата која била таргетирана.
Според АФП, цел на бомбардирањето бил високиот претставник на Хезболах, Ибрахим Акил, кој е убиен во нападот.