Милијардерот Илон Маск кој отворено застана зад Доналд Трамп
на претседателските избори во САД на својата мрежа X сподели хумористична
монтажа на која тој носи мијалник во Овалната соба во Белата куќа.
Шегата е потсетување на моментот кога милијардерот купи
Твитер и стави мијалник во седиштето на компанијата.
Претходно, по резултатите од изборите, на кои води
републиканскиот кандидат Доналд Трамп, Маск, напиша „Гем, сет, меч“