Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Извори од израелската армија: Секој прави што сака, затоа загинаа хуманитарците

3 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Седуммина странски хуманитарни работници кои ги загубија животите во израелски напад во Појасот Газа во понеделникот загинаа затоа што офицерите на израелските одбранбени сили (ИДФ) на теренот „прават што сакаат“, изјавија денеска воени извори за израелскиот весник Хаарец.

ИДФ објави дека трагедијата се случила поради лошата координација, но извор од разузнавачката заедница за левичарскиот весник изјавил дека командата „точно знае што била причината за тој напад - секој прави што сака“.

Нападот бил извршен поради сомневање дека во конвојот на Светската централна кујна (WCK) има терорист, но целта не го напуштила складиштето со возила, пишува Хаарец. „Ние очајнички се обидуваме да ги погодиме терористите што е можно попрецизно користејќи го секое разузнавање, и на крајот единиците на теренот решаваат да извршат напад без никаква подготовка, во случаи кои немаат никаква врска со заштитата на нашите сили. Ова е фрустрирачко“, рекол изворот.

Израелската армија призна „сериозна грешка“ по нападот во кој загинаа седум работници на WCK. World Central Kitchen успеа да донесе брод со храна по море во Појасот Газа по преговорите со израелската армија.

Началникот на израелската армија Херци Халеви рече дека нападот немал за цел „да им наштети на хуманитарните работници“ и дека прелиминарната истрага покажала „погрешна идентификација“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ