Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Гроси: Јапонскиот стремеж за средба Северна Кореја е „многу важен“

12 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека го поддржува стремежот на Јапонија да одржи состанок на високо ниво со Северна Кореја, дури и ако првично не се предвидуваат разговори за нуклеарно оружје.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида претходно изјави дека сака да одржи разговори „без предуслови“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и лично ги води напорите првиот самит меѓу двете земји да стане реалност по 20 години. Тоа беше една од ретките прилики кога сестрата на Ким, која е висока личност во владејачката Работничка партија на Кореја, одговори дека Кишида можеби некогаш ќе го посети Пјонгјанг.

МААЕ нема пристап до Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера своите инспектори во 2009 година, но постојано изразува загриженост поради напредокот на нејзината нуклеарна програма и создавањето нуклеарен арсенал.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ