Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Германските Зелени избраа ново раководство

16 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Банашак, пратеник во Бундестагот од 2021 година, освои 92,88 отсто од гласовите, откако претходно Брантнер, кој е парламентарен државен секретар во Министерството за економија, доби 78,15 отсто. Двајцата копретседавачи се избираат за мандат од две години.

Сметана за прагматичар во партијата што ги обединува идеалистите и оние со попрагматичен пристап, Брантнер рече дека на Германија и требаат инвестиции со оглед на загриженоста за состојбата со економијата.

Минатиот месец германската влада ги намали прогнозите за економски раст. Според ревидираната проценка, бруто домашниот производ годинава ќе падне за 0,2 отсто./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ