Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Единствената Палестинка во Конгресот, која не ја поддржа Харис, доби четврти мандат

6 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тлаиб е прогласена за победник по преброени 18 отсто од гласовите. Таа освои 77 отсто од гласовите, победувајќи го Џејмс Хупер од Републиканската партија кој доби само 19 проценти од гласовите.

Тлаиб за време на кампањата бараше САД да ја прекине воената помош за Израел. Нејзиното противење на војната во Појасот Газа и поддршката за пропалестинските демонстрации на колеџите предизвикаа остри критики и од републиканците и од демократите.

Неколку дена пред изборите Тлаиб одби да ја поддржи потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис, но сепак ги повика Американците да излезат и да гласаат. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ