Ужасна сцена
доаѓа од Италија. Се појави видео кое го прикажува застрашувачкиот момент кога
статуа паднала од зграда во Неапол, удирајќи една девојка во глава и убивајќи
ја на лице место пред нејзиното шокирано момче.
На снимката од
надзорните камери се гледа 30-годишната Кјара Иаконис како шета по улица со
своето момче во неделата. Двајцата носат куфери во раце и се упатувале кон
аеродромот кога наеднаш статуата паднала од зградата.
Статуата директно
ја удрила Кјара во главата и ја соборила на земја.
Нејзиното
шокирано момче веднаш притрчало да и помогне, а на видеото се слуша како
извикува „Кјара“ пред да клекне покрај неа во неверување.
Според
италијанските медиуми, постои сомневање дека две деца ја фрлиле статуата од
терасата на станот.
Властите ги уапсиле
родителите додека трае истрагата.
Кјара, која
патувала за Италија за да го прослави роденденот, била пренесена во болница со
тешки повреди, но два дена подоцна починала од тешка повреда на мозокот.
Кјара работела
како менаџер во луксузната модна куќа Прада, објавија локалните медиуми.