Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Балкански картел остана без пратка од 13 тони кокаин, скриен во банани- заплена во Шпанија

6 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

"Јасно е дека овие 13 тони кокаин не беа наменети само за шпанскиот пазар. Шпанскиот пазар не може да се справи со толку многу дрога одеднаш. Оваа дрога беше наменета да се дистрибуира низ цела Европа", рече Антонио Хесус Мартинез, шеф на Централната Бригада за борба против наркотици на Националната полиција, пренесе Ројтерс.

Според шпанскиот весник „Диарио де Понтеведра“, дрогата пристигнала од Еквадор, а преку Атлантикот дошла по налог на балкански картел, чии газди продолжуваат да водат големи бизниси од нивното безбедно засолниште во Обединетите Арапски Емирати, веројатно во Дубаи. .

Акцијата предводена од Националната полиција и Агенцијата за борба против дрога резултираше со апсење на претставник на компанијата што ја примал пратката.

Целта не е само да се најде кој бил параван за овој вид транспорт, туку да се дојде до шефот на организацијата, наведува весникот.

Наводно, сторителите на овој чин имаат ќелии во различни делови на светот. Балканскиот картел првично бил лоциран во Еквадор, тврди „Диарио де Понтеведра“.

Заплената направена денеска е втора по големина во историјата во цела Европа. Најголемо количество дрога – 16 тони – е запленето во 2021 година во Хамбург.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ