на митингот на Стево Пендаровски во Куманово беа изнесени сексистички навреди
кон кандидатот за претседател, професорката Гордана Силјановска -Давкова, на
кои ВМРО-ДПМНЕ реагираше веднаш.
изјави во официјален дел од митингот и пред целокупната јавност ги искажа
активист на Пендаровски и тоа во негово присуство и да биде уште пожалосно во
присуство на портпаролката на СДС Богданка Кузеска.
од се е после искажаните навреди кои се однесуваа на возраста и полот на
кандидатката, никој на тоа не реагираше, ниту проба да го спречи активистот,
ниту се огради, ниту се извини. Напротив тие дури и му се заблагодарија за
неговиот настап.
Овие изјави во официјален дел од митингот и пред целокупната јавност ги искажа
активист на Пендаровски и тоа во негово присуство и да биде уште пожалосно во
присуство на портпаролката на СДС Богданка Кузеска. Најстрашното од се е
после искажаните навреди кои се однесуваа на возраста и полот на кандидатката,
никој на тоа не реагираше, ниту проба да го спречи активистот, ниту се огради,
ниту се извини. Напротив тие дури и му се заблагодарија за неговиот настап. Ова
е бедно и жалосно, на кое дереџе дојде Пендаровски. Да се навредуваат неговите
против кандидати, а тој на тоа само да се смее и да се заблагодарува. Очигледно
очајот и нервозата на СДС и Пендаровски се толку големи што веќе не бираат
средства како да се пресметаат со Силјановска Давкова. Немаат аргументи, бегаат
од дебати, бегаат од дуели и сега почнаа криејќи се од нивните активисти да
блујат омраза, навреди и лаги, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
партијата ги повикаа надлежните институции да реагираат, а порачаа и дека
народот го гледа сето ова и истото ќе го казни на изборите.