Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Претрес во Кочани- пронајден пиштол, приведен насилник кој со пиштол удрил женско лице

10 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На 09.05.2024 во 14.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ц.(38) од Кочани.

Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице.

Подоцна, при претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ