<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Премиерот Христијан
Мицкоски денеска пред медиумите како одговор на новинарско прашање рече дека
Владата ќе чека мислење од Државната комсиија за спречување на корупција за да
одлучи дали ќе го задржи Бојан Христовски на чело на Агенцијата за национална безбедност.
- Ќе го чекаме мислењето на Државната комисија за спречување
на корупција, кратко одговори Мицкоски по прашањето дали Владата ќе реагира по
прашањето со сомнителниот сертификат за познавање на англиски јазик што
Христовски го извадил во Бугарија.
Моментално Државната комисија за спречување корупција (ДКСК)
постапува по предметот за новоименуваниот директор на Агенцијата за национална
безбедност (АНБ) и доколку во разумен рок не ги испитаат наводите,
Обвинителството најави дека ќе оформи предмет и ќе ги провери.
ДКСК минатата недела отвори предмет за именувањето на
Христовски за директор на АНБ, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна
претставка во која пишувало дека тој не ги исполнува условите за да биде
директор.Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска потврди дека до
нив стигнала ваква претставка и дека по неа е оформен предмет и веќе се
постапува.