Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по
заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа
и крим полицијата при МВР.
Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако
истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со
дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со
припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол
кој е одземен од страна на царинските инспектори“, соопшти Царинската управа.
Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното
јавно обвинителство.