Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на којашто се расправа предлог буџетот за 2025 година се <a href="https://kurir.mk/vesti/makedonija/angelova-site-nastavnici-od-osnovno-do-visoko-obrazovanie-kje-imaat-povisoki-plati/\">обрати</a> пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Емилија Ангелова која што истакна дека буџетот е развоен и наменет за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Ангелова нагласи дека главниот акцент е ставен на капиталните инвестиции во инфраструктурата, образованието и здравството со цел подобрување на јавните услуги и стимулирање на економскиот раст.
Во однос на образованието Ангелова додаде дека посебно внимание ќе се посвети на стандардот на просветните работници така што од следната година сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати.
„Планирани се раст на платите за одредени сектори вклучувајќи ги образованието, и здравството и врзување на минималната плата со продуктивноста на трудот. Буџетот предвидува зголемување на платите во јавниот сектор, особено за наставниците што е насочено кон подобрување на стандардот на вработените и зајакнување на квалитетот на овие услуги. Оваа насока на буџетот го прави развоен и ориентиран кон граѓаните со цел подобрување на квалитетот на животот преку поддршка на економскиот раст и социјалната стабилност“, истакна Ангелова.
Таа додаде дека во изминатиов период и покрај лошиот буџет за 2024 година донесен од владата на ДУИ и СДСМ, Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ уште годинава ги зголеми платите на наставниот кадар.
„Сведоци сме изминатиов период дека и покрај искасапениот буџет од 2024 година кој што го имаше донесено владата на ДУИ во коалиција со СДСМ, оваа Влада, Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата од октомвриската плата која се исплаќа во ноември наставниците и останатиот персонал добиваат покачување од 5%, во март уште едно покачување на наставниците од 7%. Покачување на платата ќе добие цел наставен кадар, од основното образование до високо, што значи дека можело да се постигне договор со СОНК. Ова покачување е дел од новиот договор меѓу Владата и СОНК, синдикатот за образование кое ја осигурува континуираната поддршка за просветните работници, понатаму предвидени се редовни годишни зголемувања со цел до 2028 година платите да бидат зголемени за минимум 46% во однос на сегашните“, рече Ангелова.