Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална
облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските
региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе
достигнат од 20 до 26 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и
со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а
максималните ќе достигнат до 26 степени.
Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а
во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава
ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во
форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за
нестабилно време ќе се намалуваат.