Лидерот на Беса и еден од лидерите на коалицијата Вреди,
Биљал Касами, по митингот на Европски фронт одржан во Тетово, упати порака
преку Фејсбук во која нагласи дека ДУИ и лидерот Али Ахмети „го предадоа
албанскиот глас“, но дека најголемиот проблем не е тоа, туку, како што нагласи,
што станале милионер со криминал.
„Да, точно е дека не сте албански субјект, затоа што сте
мултиетнички субјект. Го предадовте албанскиот глас затоа што го однесовте кај
пратениците од други етнички групи.
Но, тоа не е вашиот главен проблем, вашиот главен проблем е
што станавте милионери со кражба и без да инвестирате ништо за оваа нација“,
вели Касами.
Тој потсети колку лути непријатели беа сегашните партнери
Али Ахмети, Зијадин Села и Мендух Тачи, а потоа на ДУИ ѝ порача дека кога ја
презел градоначалничката функција го затекнал Тетово со нула инвестиции и со
долгови.
„Гласот на Албанците нема да биде глас за кратците, не може
да се смета за Албанец тој што ќе даде глас за крадец. Тоа добро го знаеш и
знаеш дека сте уништени“, му порача Касами на лидерот на ДУИ, Ахмети.