концерт пред две години во арената „Борис Трајковски“ и
неколкуте концертни настапи низ Македонија, легендарната македонска група
„Меморија“ е концертно, но и музички активна.
„Одам засекогаш“, „Снежана“, „Дирлада“... и останатата дузина хитови наскоро ќе
бидат надополнети со нов репертоар.
креативно активен и веќе наголемо го подгoтвува новиот материјал кој ќе се најде
на нивноиот претстоечки албум кој ќе излезе некаде пред „Нова година“. Дотогаш
групата планирa да издаде неколку синглови, од кои првата песна веќе осамна во
македонскиот радиоетер. Во прашање е препознатлива гитарска рок балада
насловена „За тебе“, која и стилски и по својот саунд во многу што наликува на
досегашните песни на групата, па за очекување е дека на неа во пакет со „Оган
под ѕведите“ или „Зошто Боже“ на концертите одново ќе се палат запалки, светат
сијаличките од мобилните телефони и пее во еден глас под „ѕвезденото небо“
создадено од публиката.
лидерот на бендот Петар Георгиевски - Камиказа (музика, текст и аранжман), а
песната е снимена во студиото „Тра - Ла - Ла“ на Мите Димовски. Покрај оваа во
најава се уште неколку други, меѓу кои автори ќе бидат и дел од
останатите членови на групата, а веќе како следен синглво најава е песна на
Ристо Самарџиев, како и останатите кои ќе го комплетираат материјалот на
албумот, а ќе излегуваат еден по еден во етерот, се до големиот скопски концерт
кој „Меморија“ го најавува за наесен. Поточно на 16-ти ноември годинава на
истото место, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат
концертно во живо промовирани новите песни, но и повторно отсвирена
ретсроспектива на најголемите досегашни хитови.
„Меморија“ ќе одржи концерт во Штип, на уште еден за неа култен простор,
познатиот „Дом на млади“, каде на своите почетоци беше една од ретките
македонски бендови која го преполни истиот. Интересот уште отсега е огромен и веќе
по самото пуштање бо оптек се продадени голем број влезници, па организаторот
порачува заинтересираните да си набават билет навреме.
„Меморија“ не се само новите песни, албумот и најавата за големите концерти.
Имено, бендот во својата шестчлена постава сега има нов гитарист. Прилепчанецот
музички материјал како оној од најдобрите денови, со кој ќе го продолжи култот
на својата музика и име, кои ионака се веќе втемелени во македонската музичка