Лепа Брена го оствари сонот на многумина, па ја краси насловната страница на најновото издание на легендарниот моден магазин „Вог“. Пејачката блесна во шик издание – прескапата бунда на францускиот бренд „алаја“ од 11.000 евра. , изработена од вештачко крзно, а на мрежите само стигнуваат позитивни коментари за нејзиниот изглед и избор.
Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловната бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет. За насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончик, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.