Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Арнолд Шварценегер по вградувањето пејсмејкер: Подготвен сум за снимање нов филм (ФОТО)

29 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Филмскиот Терминатор претходно се пошегува дека станал „дел од машина“.

„Добив многу убави пораки од целиот свет, но многу луѓе ме прашуваа дали мојот пејсмејкер ќе направи проблеми со втората сезона на Фубар“, објави Шварценегер на Инстаграм. „Воопшто не. Ќе бидам подготвен за снимање во април“, изјави 76-годишниот актер.

Холивудскиот актер глумеше во првата серија на блокбастерот на Нетфликс Фубар за пензиониран оперативец на ЦИА кој открива семејна тајна и е принуден да се врати на теренот за последна задача. Во серијата играат Моника Барбаро, Апарна Бриел, Милан Картер, Тревис Ван Винкл и Енди Бакли.

Актерот со австриско потекло рече дека првпат имал операција на отворено срце во 1997 година поради генетски дефект на срцето (бикуспидна аортна валвула) и повторно во 2018 година, додека во 2020 година бил подложен на неинвазивна операција на срцето.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ