Јелена бин Драи денес е во брак со милионер во Обединетите Арапски Емирати, но не се рафрла многу со изобилство и гламур.
Имено, Јелена како мала живеела во селото Жабаљ, во близина на Нови Сад, а се прославила во 1998 година кога станала Мис на Југославија, мис фотогеничност и мис на Интернет. Подоцна се омажила за богат бизнисмен, а секојдневно кружат шпекулации за нивниот брак.
- Секако дека живеам во харем. Ме викаат Хурем. Мојот сопруг е Султанот Величествениот, тоа веќе го знаете, а за среќа има уште 147 сопруги и не морам да страдам и да го гледам секој ден - рече Јелена на шега во една прилика.
Двојката ја има ќерката Асија и синовите Хилал, Хамдан и Рашид. Јелена откри и дека во нивната куќа подеднакво се почитуваат сите верски празници и неговите и нејзините.
- Секогаш свечен ден, како и слава и Божиќ или кој било исламски празник се обележува. Во нашата куќа се се слави и се почитува според обичаите кои налагаат. Се бојадисуваат јајца, се подготвува домашна српска храна, децата се чукаат со јајца. Целата традиција од Србија ја пренесовме овде – рече таа.