Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Кози окупираа мал остров, мештаните молат за помош: Поднесете барање и носете ги

5 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој е најмалку населен од седумте еолски острови лоцирани во близина на северниот брег на Сицилија. Што е проблемот? Во тоа што дивите кози го окупираа секој агол и ги „мачат“ жителите.

На островот Аликуди се изброени околу 600 диви кози, а кога ќе се земе предвид бројот на луѓе - сѐ станува јасно.

Бидејќи локалните власти не можеле да ја задржат „растечката популација на кози“, градоначалникот Рикардо Гуло објави необична идеја, пренесува New York Post.

Воспоставена е програмата „Посвои коза“ што значи дека сите заинтересирани можат да поднесат официјално барање и потоа да преземат 50 кози.

Сѐ што им треба е брод за да ги превезе.

Барањата треба да се испратат по е-пошта до 10 април, додека таксата е 17 евра. Оваа акција ќе продолжи сѐ додека популацијата на кози не се стави под контрола.

Сигурно ќе се задржат повеќе од нив, идеално околу стотина, за да се „подобри“ сликата за туристите.

„Многу луѓе се јавија откако ја започнавме кампањата, вклучително и фармер од блискиот остров Вулкано кој произведува козјо сирење“, рече градоначалникот Гуло.

Тој се надева дека животните нема да „завршат во хамбургери“, туку дека луѓето ќе се обидат да ги скротат.

Козите првпат биле донесени на островот пред дваесет години од фармер. Ги ослободил и оттогаш слободно се размножуваат.

Со текот на времето, тие почнале да се спуштаат во градот, влегувајќи во станбени згради, проголтајќи ја локалната флора и уривајќи ги ѕидовите на дворовите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ