Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Австралиски јутјубер седел 30 дена во темница, се избезуми кога повторно го виде сонцето(ВИДЕО)

21 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој успешно го заврши бизарниот предизвик што неговите следбеници можеа да го следат во живо 00-24 на Интернет.

Доколку не сте запознаени со ликот и делото на овој Австралиец, ќе кажеме дека и претходно испробал слични предизвици. Тврди дека успеал да остане буден 12 дена, но и да изел кактус.

Во изминатиот период армија негови следбеници беа вклучени во преносот од просторијата во која Норме престојувал во тотален мрак. Предизвикот започнал на 16 октомври и сѐ изгледало во ред до 22 ден, кога младиот човек бил фатен на камера како се ниша напред-назад и гризе нешто.

Обожавателите биле загрижени дека го изгубил умот, а еден од нив коментирал: „Ве молам кажете ми дека не ја гризе вратата?!“. Друг продолжи со реченицата дека „осаменоста може да го полуди човекот“.

Имало и такви кои не биле воодушевени од потфатот на Јутјуберот, а едно лице напишало: „Тој само бара внимание. Бев во самица со месеци и не е толку страшно“.

По еден месец „затвор“, Јутјуберот на 15 ноември излегол надвор, а преносот го гледале 100.000 луѓе. Со него бил пријател, а на главата носел крпа за да се заштити од светлината.

После тоа ги отвори очите, погледна кон небото и врескаше со олеснување. Потоа почна да се однесува неконтролирано. Тој скокаше горе-долу, испушташе чудни звуци и велеше дека „очите ужасно го болат“, пренесува LadBible.

„Како да ми беа забиени илјада ножеви во очите. Како да сум во друга димензија“, му рекол Норме на својот пријател пред камерата.

Гледачите забележале бројни дамки на неговата кошула и заклучиле дека „не се туширал еден месец“. Други биле загрижени дека тој се однесувал како „луд научник“ и побарале од него да престане со бизарните предизвици.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ