Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Американката Тања ги има најголемите стапала на светот- сега одбива бизарни понуди (ВИДЕО)

5 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тања Херберт (39) од Хјустон е горда сопственичка на Гинисовиот рекорд кој е запишан во 2022 година, а нејзините стопала се долги 33, односно 32 сантиметри.

Тања отсекогаш била значително повисока од своите врсници, а нејзините стапала достигнале рекордна големина во текот на средното училиште.

„Имам високи родители, па немав избор“, рече таа со насмевка.

Таа додава дека никогаш не ѝ недостигала самодоверба и дека немала проблем на училиште поради висината, пренесува The Sun.

„Никој не ме малтретираше, а пријателите се грижеа за мене“, објасни таа.

Со уникатните стапала дојдоа уникатни предизвици. Тања има голем проблем да купи соодветни чевли, а со години носела машки чевли.

„Најмногу носев патики и машки мокасини“, открива таа.

Набрзо се поврзала со други жени кои имаат слични проблеми и почнала сама да си прави чевли.

„Таа би ги купила најголемите чевли, а потоа би ги направила подолги и пошироки“, рече таа.

Нејзиното присуство на социјалните мрежи, пак, ги привлече мажите кои имаат фетиши од стапала, па почнала да добива наплив од пораки.

„Многумина пишуваа морничави работи, а некои бараа да им продадам слики од стапалата“, посочува Тања.

Таа додава дека не користи социјални мрежи за да ја стекне наклонетоста на машкиот пол.

„Да речеме дека 5% од мажите кои ме следат испраќаат чудни и интересни барања до моето сандаче. Но, тоа не ме интересира и не ме мачи“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ