Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Ајкула изгризала турист, доедека се одморал на Малдивите (ФОТО)

10 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Човекот, за кој се верува дека потекнува од Русија, пливал во атолот Нуна кога го каснала ајкула која му ја „одгризала“ ногата. Жртвата била прикажана на слики во болницата каде бил опериран, објави ТВ РЕН.

Тој престојувал во луксузен хотел со 5 ѕвезди, кој тврди дека не бил свесен за нападот на ајкулата.

„Не добивме никакви извештаи за напад на ајкула на гостин“, изјави портпаролот на хотелот.

Ве предупредуваме дека фотографиите се вознемирувачки!

"Посетителот бил во океанот во близина на Атолот Нун. Предаторот ненадејно го нападнал и го гризнал туристот за ногата. Човекот е тешко повреден и му е потребна операција, а потоа ќе следи долг период на опоравување", објави каналот Телеграм.

Врз основа на фотографиите може да се заклучи дека туристот се здобил со рани на ногата и стапалото.

Рускиот дипломат Герман Фјодоров исто така изјави дека амбасадата задолжена за територијата на Малдиви, со седиште во Шри Ланка, нема информации за инцидентот во кој е вклучен нивниот државјанин.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ