На улиците на Ница се појавија автомобили со тестиси кои висат одзади. За што се работи?
Станува збор за тестиси направени од глина, а Французите не би биле Французи доколку не смислат некоја нова форма на протест. Така е и сега, бидејќи почнувајќи од овој викенд, како дел од проектот на уметникот TooLate, поставени се 50 пара тестиси на теренци паркирани низ Ница.
Ова е направено како дел од перформансот наречен „Автобалс“, чија цел е да го привлече вниманието на насилството во сообраќајот.
Сè започна со иницијатива во градското собрание на Париз, кога пред неколку дена со едноминутно молчење му се оддаде почит на Пол Вари (27), велосипедист кој во октомври беше убиен од возач со кој се скарал.
„Оваа иницијатива има за цел да го осуди машкото возачко однесување, идентификувано како една од главните причини за фатални сообраќајни несреќи“, објаснува TooLate.
Кампањата има за цел, со одредена иронија, но нескриен гнев, да ја осуди „нескротливата мажественост“ на одредени возачи затоа што „ништо не вреска за мажественост како што се е**** автомобили со м***ња“.
„Кога станува збор за возењето, постои итна потреба да се сменат социјалните стереотипи кои ги принудуваат мажите да ја поврзат мажественоста со ризичното однесување, притоа сеќавајќи се на важноста од споделување на патот и урбаниот простор на начин кој е безбеден и почитуван“, вели TooLate.
Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во октомври 2024 година загинале 14 велосипедисти, а 200 биле тешко повредени.