Во Финска е отворено работно место во одбранбениот сектор во кое кандидатот мора да знае оружје за масовно уништување, соопшти денеска финскиот јавен сервис „Иле“ (Yle).
Позицијата бара кандидатот да има високо образование од областа на технологијата или природните науки и искуство во водечки тимови.
Исто така, од кандидатите се очекува да имаат знаења од областа на хемијата, хемиската технологија, биолошките науки или физиката.
Кандидатите мора да бидат државјани на Финска, а почетната плата за оваа позиција е меѓу 5.600 и 6.000 евра месечно.
Работата вклучува патување во Финска од два до шест дена месечно, како и неколку патувања во странство годишно.
„За вооружените сили да бидат подготвени за сите можни закани, важно е да имаме супериорно знаење за оружјето за масовно уништување и нивните ефекти“, рече директорот на Институтот за истражување на одбраната, Мико Ментинен.
Министерството за одбрана соопшти дека новиот истражувачки лидер ќе води тим од десет луѓе.
Главните области на истражување вклучуваат хемиско и биолошко оружје, радиоактивни супстанции, нуклеарно оружје, како и нивните ефекти, закани и заштита.
Многумина не ни знаеле дека вакво истражувачко подрачје постои во Финска, истакнува „Иле“.
Поради безбедносни причини, војската не сакаше да открие детали за конкретниот тим, а работното место се наоѓа во градот Илиерви.