Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, кандидатот за премиер, кого Уставниот суд го спречи формално да се најде на листата на коалицијата СДП, објави видео на Фејсбук на кое ги напаѓа надворешно трговските синџири и банки.
Тој тврди дека во Хрватска владее инфлација на алчност и финансиски изнудувања на хрватскиот народ и дека на тоа треба да се спротивстави, што, како што рече, Пленковиќ не го прави.
„Во Хрватска имаме инфлација на алчност! Тоа е стратешки хрватски проблем со кој владата во Хрватска мора да се занимава. Пленковиќ не направи ништо за да се стави крај, бидејќи за да се стави крај треба малку да се замерите со надворешно трговските синџири и банки, не многу - малку.
Но, како што несомнено климнува со главата во Брисел, така клима со главата пред банките. На ова мора да му дојде крајот, државата има инструменти со кои може да ја заузда инфлацијата на алчноста и финансиска експлоатација на хрватскиот народ. Ако не го направиме тоа, се плашам да замислам како ќе изгледа Хрватска по 12 години владеење на Пленковиќ и ХДЗ“, рече Милановиќ.