Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Пленковиќ потврди: Ќе ја предводам листата на ХДЗ за изборите за Европскиот парламент

22 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пленковиќ ова им го кажа на новинарите при доаѓањето на седницата на Претседателството на ХДЗ, пренесе Телеграф.

Коментирајќи ги изјавите на опозиционерите дека тоа е негово бегство во Брисел, Пленковиќ рече дека не е, и дека, како што наведе, тоа е само победничката листа на оние кои навистина работат за Хрватска во Европа.

Потпретседателот на актуелната влада и министер за одбрана Иван Анушиќ изјави дека досега имало неформални разговори за парламентарното мнозинство, дека ќе ги отворат сите опции и ќе се обидат што поскоро да формираат влада.

На прашањето кој ќе биде со него во преговарачкиот тим, Анушиќ рече дека се уште ништо не е дефинирано. „Се уште нема преговарачки тимови, ниту нешто е комплицирано“, изјави Анушиќ.

Анушиќ во пресрет на седницата на Претседателството на ХДЗ изјави дека се воделе само неформални разговори и дека тие ќе продолжат до почетокот на преговорите.

На прашањето дали ќе го надмине тоа што Движењето Татковина се уште не ја сака СДС  во коалицијата, тој одговори дека сѐ е прашање на преговори и разговори.

„Едноставно, во овој момент што било да се каже пред почетокот на официјалните преговори би било несериозно од мене“, рече тој и додаде: „Да почекаме. Сѐ ќе биде добро. Ќе разговараат, ќе се отворат сите опции и ќе се обидат што поскоро да се формира влада“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ