Претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Инстаграм-профил објави фотографија на која е во друштво на Милорад Додик и тоа додека го следат натпреварот на локалниот фудбалски тим од Памбуковица.
Врз фотографијата напишал хумористичен коментар: „Не ми ги допирај пуканките.“
Во описот на објавата, претседателот Вучиќ додаде:
"Се надевам на скорешно дружење во едно од селата во Република Српска! Благодарам на Милорад Додик за посетата"!