Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Траектот „Оливер“ по 6-часовен дефект стигна на Корчула, патниците пееја песни од Оливер

26 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На снимките кои ги објави Далмација данас се слушаат патници како на траектот ги пеат песните на Оливер Драгојевиќ.

Траектот кој превезуваше 360 патници, поради дефектот доцнеше шест часа.Бродот е стар 27 години, годинава е купен за 12 милиони евра, со уште 2,7 милиони потрошени за ремонт.

 Пред да го купи Јадролинија, Траектот „Оливер“ пловел во Грција под името „Хермес“, а во Хрватска заплови на 20 мај, по ремонт во бродоградилиштето „Виктор Ленац“.Траектот го доби името по пејачот Оливер Драгојевиќ, а јадролинија го користи на линијата Сплит-Вела Лука-Убли.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ