Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Француско село „заробено во минатото“ прогласено за најубаво на светот

29 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Познато како „бисер на Прованса“, местото секоја година привлекува посетители од целиот свет. Историјата на Гордес почнува во римско време, но во средниот век селото го добило сегашниот изглед со тесни улички, заоблени врати и премини, куќи од сув камен и фасцинантен средновековен замок со поглед на долината. Со векови е познато по земјоделството, но и производството на ќерамика.

А напролет, Гордес е особено магичен поради сите бои и мириси од природата што вреди да се искусат.

Убавината на ова речиси „митско“ село, сепак, е во архитектурата – со сочувани камени градби што совршено се вклопуваат во околниот пејзаж каде доминира величествената природа. Сета таа безвременска и живописната атмосфера тоа служи и за снимање филмови и ТВ-емисии.

Пазарот во Гордес секој вторник наутро на плоштадот кај замокот е уште еден белег на културниот живот на селото. Посетителите може да си купат намирници, производи, како и ракотворби – како сувенири и спомен од ова место.  /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ