Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Развод од 100 милиони евра! ПејачкатаДрагана Мирковиќ се разделува од сопругот

27 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Една од најпопуларните пејачки на Балканот, Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ се разведуваат по 24 години брак!?

Мегапопуларната пејачка синоќа  ја изненади и шокираше јавноста со објава дека по 24 години брак се разведува од сопругот Тони Бијелиќ.

Драгана ја информираше јавноста дека веќе некое време не живее со сопругот, а извори блиски до парот тврдат дека бизнисменот се иселил од  замокот крај Виена во кој живееле заедно со децата.

Сега многу медиуми објавуваат детали за имотот на познатиот парот.

Според голем број на светски портали Драгана Мирковиќ е најбогатата пејачка во регионот, со имот со проценета вредност од фантастични  100 милиони евра.

Највредно  нешто на име на Драгана е замокот Ебенфурт во Австрија, кој по реновирањето со површина од 12 илјади квадратни метри се проценува на над 50 милиони евра.

Имотот стекнат за време на бракот вклучува и  телевизија ДМ сат како и зградата во Пожаревац каде е сместена медиумската станица, како и возен парк вреден над пет милиони евра, пишува српски Курир.

Пред повеќе од една деценија, брачната двојка ја купи и фабриката за автомобили „Мајбах купе “, која сè уште ја поседуваат.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ