Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

САД ја прекина пратката од 3.500 бомби за Израел пред офанзивата во Рафа

8 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја суспендираше испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженост за потенцијална копнена офанзива на Рафа, јавува денеска Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник од администрацијата.

Овој функционер појасни дека не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби со тежина од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.

„Бидејќи се чинеше дека израелските лидери се блиску до одлука минатиот месец за таква операција, почнавме внимателно да ги разгледуваме предложените трансфери на одредено оружје во Израел што би можело да се користи во Рафа“, рече официјалниот претставник.

Израелскиот воен кабинет во понеделникот одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа за „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходното соопштение на Хамас дека палестинската милитантна група се согласила со египетско-катарски предлог за прекин на огнот.

Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ