Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Одложено гласањето за Резолуцијата за Сребреница во ОН, текстот се испраќа на ревизија

26 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Причина за одложувањето е тоа што текстот на нацрт-документот ќе биде испратен на ревизија, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на изјава на амбасадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите нации, Златко Лагумџија.

 Денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на Обединетите нации имаат други предлози за текстот.

 Генералното собрание секако ќе биде по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците што ќе знаеме во вторник, посочил Лагумџија.

 Со Резолуцијата за Сребреница, која предизвика негодување во Србија, се бара 11-ти јули да биде прогласен за меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница во 1995 година..

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ