Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Нафтен танкер потона крај брегот на Филипините, се излеаја 1,4 милиони литри нафта

25 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Успеавме да спасиме 16 од 17-те членови на екипажот, еден е исчезнат“, изјави секретарот за транспорт Хаиме Баутиста на брифингот за медиумите. Силниот ветер и високите бранови ја отежнаа спасувачката операција, додаде тој.

Несреќата се случила рано утринава кога бродот Тера Нова „се преврте и потона“, се вели во соопштението на филипинската крајбрежна стража. Откриена е нафтена дамка, а службениците за заштита на морето се мобилизирани во обид да ја ограничат. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ