Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Тен Хаг не може да поднесе критики: Твојата реакција беше срамна!

24 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ерик тен Хаг е познат како човек кој има мала или никаква толеранција за критики. Сега тој повторно имаше дуел на прес-конференција со новинар кој му упати основана критика, односно му порача дека е срамно да се оди од 3:0 на 3:3 против второлигаш.

Вечерва Манчестер Јунајтед игра натпревар против Шефилд Јунајтед во 29. коло од англиската Премиер-лига, а на прес-конференцијата пред овој натпревар беше бурно.

Еден од новинарите изјави дека тоа што се случи на Вембли е срамно. Тен Хаг не се согласи и му одговори многу сталожено.

„Поставивте доволно прашања. Едно од нив беше: „Дали беше срамно? Не, твојата реакција беше срамна. Станува збор за коментари. Врвниот фудбал ги покажуваат резултатите. Ние дојдовме до финале и го заслуживме тоа, не само преку овој меч туку и низ останатите.

Двапати во две години е прекрасно. За мене како менаџер тоа се четири финалиња на Купот за четири години“, изјави холандскиот стручњак.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ