Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ПСЖ за 55 милиони купува фудбалер кој дал само еден гол!?

27 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Луис Гиљермо е нова цел на Пари Сен Жермен. Се работи за 18-годишен бразилски крилен напаѓач кој игра за Палмеирас и го привлече вниманието. Иако вредноста му се проценува на околу 17 милиони евра, бразилскиот клуб за неговите услуги ќе бара дури 55 милиони евра, пренесува „Fichajes“.
Гиљермо импресионира со својата брзина и техника, но засега не и со ефикасноста. За Палмеирас одигра 38 натпревари, а само еднаш се впишал во листата на стрелци. Инаку со Палмеирас има договор до 2026 година.

За овој играч е заинтересиран и Монако.

Освен него цел на ПСЖ е и Маркус Рашфорд. Тој сезонава разочара во дресот на Манчестер Јунајтед, а парискиот клуб смета дека може да помогне во нападот посебно ако се знае дека летоска Мбапе ќе оди во Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ