Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ПСЖ бадијала понуди 200 милиони евра, Јамал не е на продажба!

27 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иако Барселона се “дави“ во долгови и тие 200 милиони евра и тоа како можат да и помогнат, сепак Ламине Јамал не е на продажба. Тинејџерот кој блесна сезонава, останува во Барса.

Ова значи дека ПСЖ бадијала понудил 200 милиони евра, Јамал не се продава.

Ова на челниците на клубот од Париз им го пренел Жорге Мендеш, менаџерот на Јамал.

Инаку сезонава младиот офанзивец одигра, барем засега, 44 натпревари а на нив постигна шест голови, имаше и осум асистенции.

Се ова е добра вест за сите фанови на Барса, па и за стратегот Чави Ерненадез, кој официјално потврди дека останува во каталонската гордост.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ