Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Пикси е најлош од сите селектори кои ќе бидат на Евро 2024!

7 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Престижниот фудбалски магазин „Four Four Two“ на нешто повеќе од еден месец до почетокот на Евро 2024, ги рангираше селекторите на сите 24 национални селекции, а интересно е што на последното место се најде српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.

Магазинот не го образложи својот избор, па под името на српскиот тренер накратко ја опиша играчката и тренерската кариера на стратегот.

Најдобар тренер според магазинот е францускиот селектор Дидие Дешан, на второ место е Италијанецот Лучијано Спалети, а зад него како трет е Јулијан Нагелсман (Германија). Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ е високо рангиран на петтата позиција.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ