Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Клоп за неговиот наследник: Ако изборот е Слот, ми се допаѓа, тој е добар тренер!

26 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тренерот на Ливерпул во заминување, Јирген Клоп зборуваше за евентуалниот негов наследник, чие име многу се споменува во последните два дена. Станува збор за актуелниот тренер на холандски Феенорд, Арне Слот.

„Ова е најдобрата работа и најдобриот клуб во светот. Ако е изборот е Слот, тогаш ми се допаѓа начинот на кој неговиот тим игра фудбал и се што слушам за него како личност. Тој е добар тренер“, изјавил Германецот.

Главниот тренер на холандски Феенорд влегол во преговори со Ливерпул, но „црвените“ во моментов не можат да се договорат со Феенорд околу цената на обештетувањето за предвремен раскин на договорот на Слот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ