Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Јувентус купува косовски репрезентативец за 15 милиони евра

27 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Италијанскиот гигант Јувентус е заинтересиран за купување на крилниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова. „Бјанконерите“ бараат крилен фудбалер поради тоа што иднината на Федерико Киеза во Торино е неизвесна, а клупските скаути го препорачале косовскиот репрезентативец.
За Киеза се зборува дека ќе го напушти Јувентус по завршување на сезоната затоа што сакал да игра во друг клуб. Од тука се засилија информациите за Жегова во Торино.
Лил ќе одлучи дали ќе го продаде фудбалерот или не. Договорот му е до летото 2026 година, а се шпекулира дека Јувентус ќе треба да плати 15 милиони евра за него.
Жегова е роден во Германија, профи-кариерата ја почнал во Генк, играл и за Базел, а од 2022 година е во Лил. Французите тогаш платија 7 милиони евра за неговите услуги.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ