Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Јунајтед според поседот на топката е десетти во Премиерлигата!

6 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фановите на Манчестер Јунајтед и оваа сезона се во очај. Очекуваа многу повеќе од своите миленици, од составот на Ерик Тен Хаг, но ќе мораат како и претходните десет да ја заборават што побргу.

Инаку тие се ужаснати од податокот дека нивниот тим сезонава според поседот на топката на мечевите од Премиерлигата се дури на 10.место.

Се знае кој е прв, тоа е Манчестер сити со посед од 65,09 %, следуваат Тотенхем со 61, 86%, Ливерпул 61,25%, Брајтон 61%, Челзи 59, 09%, Арсенал 58,43%, Астон Вила 53,31%, Њукасл 52,14%, Фулам 50,62%, Манчестер Јунајтед 50,42%….

И ако е ова точно, а секако дека е, тогаш јасно е дека со ваков посед на топка Манчестер Јунајтед немаше што да бара и оваа сезона.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ