Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Биелса во репрезентацијата на Уругвај повика аматер

6 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според уругвајските медиуми, селекторот на Уругвај, Марсело Биелса има намера да повика аматер во репрезентацијата за следниот пријателски меч против Костарика. Уругвај се подготвува за настап на Копа Америка кој ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули, а на 31 мај ќе игра пријателска против Костарика, а потоа на 5 јуни против Мексико.
Биелса е принуден да бара нови решенија за мечот со Костарика затоа што неколку фудбалери од локалниот шампионат се недостапни поради обврски кон своите клубови.
Па така Биелса ќе бара нови решенија, а го има на списокот на потенцијални напаѓачи Валтер Домингез, кој има 24 години и игра за Атлетико Хувентуд Сориано, кој се натпреварува во аматерските лиги. На последните 19 натпревари, тој постигнал 38 голови. Севкупно, во кариерата има 57 голови на 39 натпревари.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ