Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ако не загубат од Рома: Алонсо и Леверкузен ќе бидат апсолутни европски рекордери со 49 меча во серија без пораз! (ФОТО)

6 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа кој ќе се одигра во четврток на “Бај Арена“ во Леверкузен се очекува со посебно внимание. И не само поради фактот дали тимот на Чаби Алонсо ќе успее да ја мине оваа пречка и ќе се избори за пласман во финалето туку и поради тоа дали новиот шампион на Германија ќе биде апсолутен европски рекордер со 49 меча во серија без пораз.

Засега Леверкузен има 48 натпревари во низа на кои е без пораз, исто толку има и Бенфика од 1963 до 1965 година.

Значи на Баер Леверкузен му е потребен само уште еден меч, само уште да не загуби од Рома во четврток. Да потсетиме дека во Рим на првиот меч тимот на Чаби Алонсо славеше со 0:2.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ