Министерството за труд и социјална политика, согласно со
Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува
дека:
1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден
за сите граѓани на Република Северна Македонија.
03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред
Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република
Северна Македонија.
06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на
Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на
Република Северна Македонија.
МТСП на граѓаните им ги честита претстојните празници.
Согласно одлука на Владата за неработен ден е прогласен и 8
мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг на претседателските избори во
земјава, но и парламентарни избори.