<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Кандидатката од
ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска го
промовираше слоганот „Македонија повторно горда“. </span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Би сакала да го
обзнанам слоганот на мојата кампања, и не е заради моето име туку заради хроничната
и акутна состојба во македонската демократија која е во тешка криза и државата
е во пропаѓање. Во ваква држава најголеми жртви се граѓаните и кога мислам
Македонија повторно горда мислам на граѓаните повторно горди, рече Силјановска
Давкова.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Таа додаде дека
ова значи дека треба да се врати надежта, да се врати довербата во фемократијата,
нацијата и повторно да знае дека сите во политиката, вклучително и претседателката
има обврска да се водат од националните, односно државните интереси.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">- Кога велам
Македонија повторно горда не можам да не спомнам ноторни факти. Горда сум на
предците, горда на оние што стојат зад трите илиндени, за хероите, и токму тие
вредности денеска се погазени и на оваа нација и држава и се заканува
културоцид со одобрение на власта. Време е за длабоки проблеми, реформи, луѓето
да се идентификвуаат со оние кои треба да ги застапуваат нив и државните и
национални итнереси, потенцираше таа.</span>