Роберт Левандовски, и покрај годините што ги има сепак блеска во Барселона. Дава голови како од шега. Тоа што го правеше во Дортмунд и во Баерн Минхен, сега го прави и во каталонскиот гигант. Јасно е дека полскиот фудбалер важи за еден од најдобрите напаѓачи во 21 век.
Сепак малку е познато дека тој во 2012 година за малку ќе направел трансфер во Манчестер Јунајтед.
Поточно тогаш како играч на Дортмунд добил понуда од Јунајтед:
“Знаев дека Алекс Фергусон ќе ми се јави, бев доста нервозен. Тогаш игравме некоја пријателска во предсезоната и Алекс ми се јави. Како можеш на таква величина да му кажеш не. Му реков дека сакам во Јунајтед, а тој ми рече тоа да го повторам зошто не ме слушнал најдобро. Сепак и покрај мојата желба не дојде до трансфер, едноставно Дортмунд тогаш не ме пушти и затоа Манчестер Јунајтед остана само моја неостварена желба“ истакна Левандовски.