Аеродромот Гетвик во Лондон утрово е итно евакуиран поради безбедносен инцидент, соопштено е.
„Аеродромот Гетвик ќе биде затворен до понатамошно известување. Полицијата и итните служби се на терен и се справуваат со инцидентот на аеродромот“, соопштено е.
Еден патник на социјалната мрежа Х напиша дека сите летови се одложени.
Како што јавуваат медиумите, поголем дел од јужниот терминал е евакуиран.
„Безбедноста на патниците и персоналот е наш најголем приоритет. Работиме напорно за да го решиме проблемот“, соопшти управата на аеродромот.
Да потсетиме, амбасадата на САД во Лондон беше итно затворена поради безбедносна закана. Како што пренесуваат светските медиуми, пред зградата на амбасадата биле забележани вооружени полицајци и припадници на противпожарната служба, а се слушнал силен удар сличен на експлозија.
Во соопштението на полицијата се вели дека се „свесни за шпекулациите на интернет за инцидент во близина на американската амбасада“.