Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Централна Европа се бори со разорни поплави, пријавени загинати и исчезнати

15 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Најлоша е ситуацијата во Романија, каде властите соопштија дека загинале четири лица во регионот на Галати.

-Овде никогаш претходно немало толку вода. Сега се е уништено, се. Ништо не ми остана.

Посериозните поплави зафатија околу 20 општини во осум романски области.Оштетени се повеќе од 5.000 куќи, а стотици жители се евакуирани. Спасувачките екипи се на терен.

-Колку долго бевте заглавени во домот?

-Долго, се додека не ми помогнаа да излезам.

-Имате ли некој овде?

-Немам никој. Сама сум.

-Се уште има луѓе, но до нив можеме да дојдеме само со моторни чамци.

-На таванот се, таму се качиле. Еден човек е на покривот.

-Среќен сум што бргу скокнав од кревет. Инаку водата ќе ме однесеше.

Сериозна е и состојбата во Чешка каде поради обилните врнежи и надојдените води пукна брана во регионот Јужна Бохемија. Пво најпогодените места жителите се евакуираат а над 50 илјади домаќинства во северните области на земјата останаа без струја.

-Ќе ги затворам сите врати со се што можам. Во 1997 година целата куќа ми беше срушена, во 2010 имаше вода до колена.

Според последните информации три лица во Чешка се водат за исчезнати. Во чешкиот главен град, Прага, властите воведоа мерки за спречување на поплави.

-Го очекуваме и најлошото, така да добро сме подготвени. – Терези Радомершка – Градоначалник на општина Прага 1

Алармот е вклучен и во Полска каде поради поплавите е пријавен еден смртен случај.  Најтешко се погодени областите во Долна Шлезија во близина на границата со Чешка. Таму се евакуирани околу 2000 жители.

-Во сливното подрачје на Одра издадено е предупредување и аларм на околу 50 места. Мислам дека ќе биде слично и во Слежи и исто така овде во Вроцлав, само е прашање на време. Но сега е се под контрола. – Јачек Сутрик – Градоначалник на Вроцлав

Полските властии ги повикаа жителите да соработуваат со службите за итни случаи кога ќе биде побарано да се евакуираат од своите домови.

-Сигналите што ги добиваме од Чешка, околу нивните мерења на висината на водите. Тие од една страна, според прогнозите се намалуваат, но висните на водостоите се вознемирувачки. Па можете да очекувате дека водата и овде ќе биде алармантно висока. – Доналд Туск – Премиер на Полска

-Се што се случува во Чешка, тамошните водостои, врнежите се од клучно значење за она што ќе се случува неколку часа подоцна на полска страна. -– Томас Сјемонијак – Министер за внатрешни работи на Полска

Во следните два дена пообилни врнежи се предвидуваат и во Австрија.

-Во таков случај реките и потоците сигурно ќе надојдат, ќе се излеат во толкави размери што не е видено со децении. – Георг Шродер – Командир на противпожарна бригада

Делови од Австрија се покриени и со снег. Во повисоките планински предели на Алпите затрупани се автомобили и блокирани се премини пред приватни куќи. Фармерите пак се принудени да ги спуштат стадата во пониските места.

Во Србија веќе е издадено предупредување за доаѓање на циклонот Борис. Според најавите зафатена ќе биде Војводина, а потоа циклонот ќе слабее. Во Македонија ќе има дожд, но не се очекува невреме.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ