Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава

5 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

СЗО соопшти дека заедно со своите партнери утре ќе евакуира дури 113 пациенти, при што повеќето ќе заминат во Обединетите Арапски Емирати, а некои ќе се упатат во Романија на специјализирана нега.

Ако продолжи, тоа ќе биде најголемата евакуација од Газа од октомври 2023 година, според податоците на здравствената агенција на ОН.

Рик Пиперкорн, претставник на СЗО на палестинските територии, рече дека се надева дека евакуацијата ќе продолжи.

Тој рече дека во моментов се прават напори да се донесат пациенти од различни болници низ Појасот Газа во Европската болница во Газа во близина на Кан Јунис на југот.

„Тие ќе бидат транспортирани до преминот Керем Шалом утре рано изутрина, а потоа ќе бидат пренесени во ОАЕ и Романија“, изјави Пиперкорн за новинарите во Женева, преку видео врска од Газа.

Тие кои се на списокот се меѓу 14.000 луѓе кои моментално чекаат во Газа да бидат евакуирани од територијата поради медицински причини./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ